Posts

Image
  Орел  - птица  - грабливка. Орелите се речиси најголеми грабливци . Клунот  им е силно развиен, а на врвот свиткан во облик на кука. Темето на главата  не им е заоблено, туку рамно. Нозете , сè до прстите , им се гаќести, односно им се обраснати со Пердуви , освен кај орелот рибар. Крилјата  им се големи и кај најголем број орли достигнуваат до врвот на опашката. Суриот орел е најголем меѓу орлите што живеат во Македонија . Долг е околу 90 cm., а раскрилен достигнува и преку 220 cm. Врвовите од крилјата не му ја покриваат опашката , односно се покуси од неа. Пердувите на главата  и на вратот  му се рѓесто жолти. Опашката му е бела, а на крајот црно обрабена. Другите пердуви му се темно-кафени до речиси црни. За ловството е мошне штетен, но бидејќи неговата бројност е многу ниска, постои опасност наполно да изчезне. Според Законот за ловството, забрането е негово убивање. Женката неси 2-3 јајца и врз нив лежи 45 дена.